NadgradbaNaNokti.com - Се ребрандира во AkademijaNewYork.com
Професионален Курс за Надградба на Нокти -
Добивате Меѓународен сертификат
Не живеете во Скопје? Закажете Курс за Надградба на Нокти во вашиот град!
Не живеете во Скопје?
Закажете Курс за Надградба на Нокти во вашиот град!
Курс за Надградба на нокти
Надградба на нокти
Информации за курсот за надградба на нокти
КУРСОТ за НАДГРАДБА НА НОКТИ е брз и максимално ефектен затоа што се работи ИНДИВИДУАЛНО или во МАЛИ ГРУПИ !
Работиме со наши материјали !
Ке работиме на модели (девојчиња). Дневно треба да се сработи 1 модел-тоа временски опфаќа околу 3 часа дневно, всушност најважно е да се сработи моделот како што треба без да гледаме на часовникот!
Термините ги договараме според Вашето и нашето време!
Ќе работиме по следната програма:
– подготовка на природните нокти за надградба
– Правилна употреба на сите турпии
– правилна апликација на форми-шаблони за изливање
– гелна техника,
– изливање на нокти на шаблони-форми
– акрилна техника-3Д моделирање
– обликување – 3 вида облици на салонски нокти
– правила за вградување на секакви декорации – елементи
– 3Д Моделирање ,
– ONE STROKE техника за цртање со акрилни бои
– техники за нијансирање
– објаснување за користење на сите облици на четки и инструменти
– пинчување
– комуникација со клиентите и бизнис совети
– помош и совети кој бренд на производи да го одберете за работа, споредба на цени со квалитет за сите брендови при набавка на материјали на нашиот пазар па и надвор…
СПЕЦИЈАЛЕН БОНУС
Дополнително скоро целата постапката ке ја добиете во електронска текстуална и видео форма!
Цената на курсот изнесува 350 Е. Плаќањето се врши кога ке се започне со курсот.
Програмата е според светски стандарди, пред се ќе се стекнете со знаење и квалитет !
Официјално ќе се стекнете со СЕРТИФИКАТ за завршен курс за НАДГРАДБА НА НОКТИ!
Со нашите знаења и нашиот сертификат ќе бидете комплетно спремни за да основате свој сопствен бизнис или сл!
СПЕЦИЈАЛЕН БОНУС ОВОЈ МЕСЕЦ:
Во соработка со Максимум Маркетинг-Агенција специјализирана искличиво за промовирање и рекламирање на Интернет, СЕКОЈ НАШ УЧЕНИК ќе добие БЕСПЛАТНА ДОПОЛНИТЕЛНА БИЗНИС ОБУКА, како да ГО ПРОМОВИРА СВОЈОТ НОВ БИЗНИС И ДА ПОЧНЕ ПРОФИТАБИЛНО ДА РАБОТИ ВЕДНАШ!
Ви стоиме на располагање, Ве молам следно контактирајте ме на телефон:
Се наогаме во Скопје во центар наспроти Рамстор!
Jovanka Ceselkoska
Нокти - Акрилни со тантела Акрилни со земјени тонови Funny French со сини глитер светки Акрилни со глитер светки и 3Д цветови
Надградбата на нокти стана хит на деценијата
Надградбата на нокти стана хит на деценијата во Европа, Америка, Австралија, Азија. Понежниот пол се почесто го практикува стилизирањето и разубавувањето на ноктите како врвен елемент во козметиката. Досега во целиот свет се познати два типа т.е. две техники за изработка на надградба на нокти и тоа:
– гел техника
– акрил техника
И двете техники се хемиски слични по состав но сепак се разликуваат. Гелот се суши под УВ.лампа додека акрилот се суши во допир со воздухот и тоа за многу кратко време. Во секојдневието слушаме различни критики за двете техники, но моето работно искуство од 7 години како професионален стилист и едукатор ме наведоа да го мислам следното.Се зборува дека едните се подобри па другите итн…за мене се добри и двете техники доколку се одберат соодветни производи. Јас работам со светски познатиот бренд за гелови IBD и најпознатиот бренд за акрил EzFlow.
Тие се препарати со врвен квалитет и конечно препарати кои воопшто и не го оштетуваат природниот нокт. Надградбата на нокти е третман кој што трае околу два часа. За да изгледате средено, современо и модерно потребно е да одвоите време и тоа само еднаш месечно, или кај некои 3 пати во два месеца за вашите нокти да изгледаат како што и доликува на современата жена.
Постои една општо позната дилема какви нокти да си направите, дали акрил или гел, дали лиени или на типс. Двете техники се аплицираат и на типс и на шаблон. Познати како лиени нокти постојат и во акрил и во гел техника. Која техника ке ја одберете е Ваша желба, но и секако консултација со стилистот што повеќе ќе одговара за совршен изглед на вашите нокти. Јас лично преферирам да работам со акрил.
Колку се издржливи и трајни надградените нокти е едно од најчесто поставуваните прашања. Надградените Нокти може да се носат неограничено. Откако ке се наместат потребно е на секои 3-4 недели да се направи дополнување на истите. Колку пати е поцврст надградениот нокт од природниот можам само да ви кажам многу, многу пати!
Обликуваме и правиме секакви декорации, со акрил или гел во боја, декорации со Сваровски Кристали, Бисери, суви цвеќиња или пак 3Д цвеќиња и други 3Д фигури.
Секако постојат модни трендови и за тоа колку долги нокти се во тренд или каков дизајн е хит моментално, но сепак јас мислам дека тоа е одлука на Вас драги мои. И долгите и пократките нокти може да изгледаат совршено убаво, а дизајнот е одлика на Вас, на Вашата гардероба, Вашата личност, Вашиот карактер…