Надградбата на нокти стана хит на деценијата

Надградбата на нокти стана хит на деценијата во Европа, Америка, Австралија, Азија. Понежниот пол се почесто го практикува стилизирањето и разубавувањето на ноктите како врвен елемент во козметиката. Досега во целиот свет се познати два типа т.е. две техники за изработка на надградба на нокти и тоа:

гел техника
акрил техника

И двете техники се хемиски слични по состав но сепак се разликуваат. Гелот се суши под УВ.лампа додека акрилот се суши во допир со воздухот и тоа за многу кратко време. Во секојдневието слушаме различни критики за двете техники, но моето работно искуство од 7 години како професионален стилист и едукатор ме наведоа да го мислам следното.Се зборува дека едните се подобри па другите итн…за мене се добри и двете техники доколку се одберат соодветни производи. Јас работам со светски познатиот бренд за гелови IBD и најпознатиот бренд за акрил EzFlow. Тие се препарати со врвен квалитет и конечно препарати кои воопшто и не го оштетуваат природниот нокт. Надградбата на нокти е третман кој што трае околу два часа. За да изгледате средено, современо и модерно потребно е да одвоите време и тоа само еднаш месечно, или кај некои 3 пати во два месеца за вашите нокти да изгледаат како што и доликува на современата жена.

Постои една општо позната дилема какви нокти да си направите, дали акрил или гел, дали лиени или на типс. Двете техники се аплицираат и на типс и на шаблон. Познати како лиени нокти постојат и во акрил и во гел техника. Која техника ке ја одберете е Ваша желба, но и секако консултација со стилистот што повеќе ќе одговара за совршен изглед на вашите нокти. Јас лично преферирам да работам со акрил.
Колку се издржливи и трајни надградените нокти е едно од најчесто поставуваните прашања. Надградените Нокти може да се носат неограничено. Откако ке се наместат потребно е на секои 3-4 недели да се направи дополнување на истите. Колку пати е поцврст надградениот нокт од природниот можам само да ви кажам многу, многу пати!

Обликуваме и правиме секакви декорации, со акрил или гел во боја, декорации со Сваровски Кристали, Бисери, суви цвеќиња или пак 3Д цвеќиња и други 3Д фигури. Секако постојат модни трендови и за тоа колку долги нокти се во тренд или каков дизајн е хит моментално, но сепак јас мислам дека тоа е одлука на Вас драги мои. И долгите и пократките нокти може да изгледаат совршено убаво, а дизајнот е одлика на Вас, на Вашата гардероба, Вашата личност, Вашиот карактер…

1 thought on “Надградбата на нокти стана хит на деценијата”

  1. zdravo zakam da mi kazete koja e cenata na kursot za gel a kolku za akril i kolku vreme trebe da se odi toj kurs za kolku vreme se uci i dali isto taka mozat da se kupat od kajvas proizvodi za rabota odnapred blagodarnost

Leave a Comment